Четириесет и пет години 29 ноември во светот се одбележува како Меѓународен ден на солидарноста со палестинскиот народ. Во 1977 година на одбележување на овој ден повика Генералното собрание на Обединетите нации со резолуцијата 32/40 Б. На истиот ден 30 години претходно, во 1947 година Собранието ја усвои резолуцијата за поделба на Палестина со резолуцијата 181 (II) .
Резолуцијата за одбележување на Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ ги охрабрува земјите членки да дадат најголема поддршка и публицитет на одбележувањето. Од 2005 година на предлог на Генералното Собрание, Комитетот задолжен за остварување на неотуѓивите права на палестинскиот народ и одделот за палестински права и Постојаната набљудувачка мисија на Палестина при ОН, одбележувањето на Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ е збогатено и со годишна изложба.
Израел го окупира источен Ерусалим за време на шестдневната војна во 1967 година и подоцна го анектира во делот кој никогаш не беше признаен од меѓународната заедница. Израел, целиот град Ерусалим го смета за свој главен град, додека Палестинците го сметаат источниот дел како главен град на нивната идна држава.
Обединетите нации повеќепати повика на конструктивни разговори за решение. ОН повика двете страни да ја вратат вербата во резолуцијата 181 (II) и двете држави да живеат една покрај друга во мир и безбедност.