Расте бројот на деца бегалци и внатрешно раселени / Фото: AFP

Бројот на деца бегалци и раселени се зголемува како последица на новите кризи и конфликти кои го зафатија светот. Според најновиот извештај на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) до крајот на 2022 година биле регистрирани 43.3 милиони деца, од кои поголемиот дел се како резултат на конфликти.

„Повеќе од една деценија, бројот на деца принудени да ги напуштат своите домови се зголемува со алармантна стапка, а нашиот глобален капацитет да реагираме останува под сериозен притисок. Зголемувањето е во чекор со постојаниот напад на конфликти, кризи и климатски катастрофи ширум светот“, рече Кетрин Расел извршната директорка на УНИЦЕФ.

Во извештајот кој се објавува секоја година, се посочува дека повеќето раселени деца на тој начин го поминале целото детство, а „бројот на деца присилно раселени од своите домови се удвоил во последната деценија“.

Војната во Украина присилно раселени 2 милиони деца, а 1 милион се внатрешно раселени.

Од 43,3 милиони деца кои биле насилно раселени до крајот на 2022 година, речиси 60% (25,8 милиони) биле внатрешно раселени поради конфликти и насилство, се вели во извештајот.

Бројот на деца бегалци и баратели на азил достигна нов рекорд од 17,5 милиони - бројка што не ги вклучува новораселените во 2023 година, вклучително и од конфликтот во Судан.

Во извештајот се вели дека 940.000 деца веќе се раселени поради конфликтот во Судан, а се истакнува и дека екстремните временски настани исто така предизвикале милиони деца да станат бегалци.

TRT Balkan / агенции
Популарни