Шолц не ужива голема доверба кај германците / Photo: AA

Голем број Германци се незадоволни од канцеларот Олаф Шолц и не ја поддржуваат неговата одлука да се кандидира повторно следната година, покажа анкетата објавена денеска.

Околу 76 отсто од анкетираните рекле дека веруваат дека на канцеларот Шолц му недостасуваат лидерски вештини, а 58 отсто рекле дека не ја врши добро својата работа како шеф на владата.

Тој се соочува со зголемено незадоволство кај гласачите, поради расправите на неговата лево-либерална коалициска влада за главните политички прашања, вклучувајќи ги социјалните трошоци, енергетските реформи и мерките за заштеда на буџетот.

Дури 67% од анкетираните рекоа дека не ја поддржуваат одлуката на Шолц да се кандидира за втор мандат на следните општи избори во 2025 година. Само 29% од гласачите изразија поддршка за неговата кандидатура.

Меѓу поддржувачите на Социјалдемократската партија (СПД), околу 53 отсто се изјасниле за Шолц повторно да се кандидира, додека 41 отсто се изјасниле дека се против неговата кандидатура.

Репрезентативната анкета беше нарачана од германскиот јавен радиодифузен сервис ЗДФ, а беше спроведена од 12 до 14, август на примерок од 1.334 испитаници.

TRT Balkan / агенции
Популарни