Илјадници членови на американските работнички групи се собраа во центарот на Њујорк за да побараат итен и траен прекин на огнот во Газа.
Протестантите- пропалестински Американци маршираа од паркот Брајант до седиштето на Американскиот израелски комитет за односи со јавноста (АИПАЦ) во Њујорк, предводени од синдикатите кои повикуваат на прекин на огнот.
Активистите користеа светлосна проекција на зградата на АИПАЦ за да ги критикуваат тројцата избрани градски функционери - сенаторот Чак Шумер, сенаторката Кирстен Гилибранд и конгресменот Хаким Џефрис - за прифаќање донации од американско-израелската група АИПАЦ која ја поддржува војната.
Израел го бомбардираше Појасот Газа од воздух и од земја, воведе опсада и започна копнена офанзива по прекуграничен напад на Хамас на 7 октомври.
Најмалку 20.057 Палестинци оттогаш се убиени, а повеќе од 53.320 се ранети во израелскиот напад.