Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба денес го распушти Парламентот за да го отвори патот за предвремените избори закажани за 27 октомври, објавија локалните медиуми.
Само осум дена по преземањето на функцијата, потегот на Ишиба да го распушти претставничкиот дом е најбрз од еден лидер по војната, објави новинската агенција Кјодо.
Претходно Кабинетот ја одобри одлуката на премиерот за распуштање на Парламентот.
Ова доаѓа откако владејачката Либерално-демократска партија е вмешана во скандал со фондови.
Изборната кампања во Јапонија ќе започне на 15 октомври, а гласањето ќе се одржи на 27 октомври, објави новинската агенција.
AA