Авионот на компанијата „Азиана Ерлајнс“ успеал безбедно да слета на меѓународниот аеродром Даегу.   Фото: Ројтерс архива

Авион безбедно слета во Јужна Кореја откако му се отворила вратата во текот на летот, нешто што се смета за несекојдневен настан. За време на летот на патничкиот авион се отворила вратата, по што патниците почнале отежнато да дишат, информираат локалните медиуми.

Авионот на компанијата „Азиана Ерлајнс“ успеал безбедно да слета на меѓународниот аеродром Даегу.

„Никој од 194 лица не падна од авионот, ниту некој е повреден, но некои од патниците во паника покажале симптоми на отежнато дишење и пренесени се во болница по слетувањето“, објави новинската агенција Јонхап.

AA
Популарни