За инцидентот била информирана либанската агенција одговорна за заштита на дипломатските мисии, но напаѓачите успеале да побегнат / Photo: AA

Азербејџан денес соопшти дека азербејџанската aмбасада во главниот град на Либан, Бејрут, е нападната од лица со ерменско потекло, и дека во нападот нема повредени.

„Околу 50 лица со ерменско потекло... удрија врз оградата околу административната зграда на Амбасадата и фрлаа шишиња со боја и експлозив“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Се додава дека за инцидентот била информирана либанската агенција одговорна за заштита на дипломатските мисии, но напаѓачите успеале да побегнат пред пристигнувањето на персоналот за спроведување на законот.

Министерството ги повика либанските власти да ги приведат инволвираните во нападот, додавајќи дека безбедноста на мисијата е зајакната.

Односите меѓу Азербејџан и Ерменија се затегнати од 1991 година кога ерменската војска го окупира Нагорно Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, и седум соседни региони.

Во есента 2020 година, Азербејџан ослободи неколку градови, села и населби од ерменска окупација во текот на 44-дневниот конфликт. Војната заврши со прекин на огнот постигнат со посредство на Русија, а оттогаш двете страни преговараат за мировен договор.

Популарни