Азербејџанските армиски единици презедоа одмазднички мерки тврди министерството за одбрана / Photo: AA

Ерменија отвори оган врз воените позиции на Азербејџан во автономната област Нахчиван, соопшти денеска азербејџанското Министерство за одбрана.

Во соопштението се вели дека воените позиции во близина на населбата Ганза, која се наоѓа на околу 5 километри од границата со Ерменија, биле гаѓани од единици на ерменските вооружени сили.

Населбата се наоѓа во најјужниот округ Ордубад во автономниот регион.

„Азербејџанските армиски единици презедоа одмазднички мерки“, се додава во соопштението.

Од министерството велат дека инцидентот се случил во 18:10 часот. локално време.

Ерменското Министерство за одбрана ја демантираше изјавата на азербејџанската страна, велејќи дека тоа не соодветствува со реалноста.

Понатаму, се вели дека преку дипломатски канали, кабинетот на ерменскиот премиер Никол Пашинјан и предложил на претседателската администрација на Азербејџан воспоставување билатерален механизам за истрага на случаи на прекршување на примирјето.

Односите меѓу Баку и Ереван останаа напнати од 1991 година, кога ерменската војска го окупираше Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, и седум соседни региони.

Поголемиот дел од територијата беше ослободена од Азербејџан за време на 44-дневната војна во есента 2020 година, која заврши по мировниот договор со посредство на Русија, кој ги отвори вратите за нормализација и разговори за демаркација на границата.

Минатиот септември Азербејџан воспостави целосен суверенитет во Карабах по антитерористичката операција по што сепаратистичките сили во регионот се предадоа.

TRT Balkan / агенции
Популарни