Азербејџан бара стабилност на условната граница / Photo: AA

Азербејџан денеска соопшти дека ерменската војска отворила оган врз нивните позиции во округот Калбаџар.

Во соопштението на азербејџанското Министерство за одбрана се вели дека вооружените сили на Ерменија пукале на позиции во близина на населбата Јелија во 05:50 часот по локално време.

Во соопштението се вели дека азербејџанските единици не презеле одмазднички дејствија со цел да не ескалира ситуацијата и да се обезбеди стабилност на условната граница на двете земји.

„Го повикуваме ерменското воено раководство да се воздржи од такви провокации кои имаат за цел да ја нарушат пет месечната стабилност и да ја извлечат ситуацијата надвор од контрола на условната граница и бараме да ги идентификува и казни одговорните за овие дејствија“, се заклучува во соопштението.

Односите меѓу Азербејџан и Ерменија се напнати од 1991 година, кога ерменската војска го окупираше Нагорно-Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, и седум соседни региони, вклучувајќи го и Калбаџар.

Азербејџан го ослободи најголемиот дел од регионот за време на војната во есента 2020 година, која заврши со мировен договор со посредство на Русија, отворајќи ја вратата за нормализација.

Баку во септември минатата година иницираше антитерористичка операција во Карабах за воспоставување уставен поредок, по што илегалните сепаратистички сили во регионот се предадоа.

TRT Balkan / агенции
Популарни