Бајден: Мала веројатност проектилот во Полска да е лансиран од Русија / Photo: AA

Прелиминарните информации покажуваат дека е „малку веројатно“ проектилот кој падна во Полска да е од Русија, рече американскиот претседателот Џо Бајден утрово.

Обраќајќи се пред новинарите по состанокот со одредени светски лидери во текот на својот последен ден на самитот Г20 на Бали во Индонезија, Бајден изрази сочувство поради двете жртви во експлозијата.

На прашањето дали проектилот е од Русија, Бајден рече дека „постојат прелиминарни информации кои тоа го оспоруваат.“

„Не сакам тоа да го кажам додека не го истражиме во потполност. Малку е веројатно дека во линиите на траекторијата е испален од Русија“, рече американскиот претседател.

Ракетниот напад се случи во селото Прзеводов на истокот на Полска, кое се наоѓа неколку километри од границата со Украина. Експлозијата се случи 500 до 600 метри од основно училиште. Подрачјето во близина на местото на експлозијата е затворено.

Бајден исто така разговараше со полскиот претседател Андреј Дуда и ја понуди поддршката на САД во истрагата.

Во меѓувреме, амбасадорите на НАТО ќе се состанат денес за да разговараат за случајот.

На итниот состанок, со кој во седиштето на НАТО во Брисел ќе претседава генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, ќе се разговара за „трагичниот инцидент“ во кој загинаа двајца Полјаци, се наведува во соопштението на алијансата.

AA
Популарни