Бајден нагласи дека е дојдено време да се финализира договорот за прекин на огнот во Газа и заложниците да се вратат дома / Photo: Reuters

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека војната на рускиот претседател Владимир Путин „пропаднала“ и дека светот мора да избере дали ќе ја поддржи Украина или ќе се огради од оваа „агресија“.

„Тој (Путин) тргна да ја уништи Украина, но Украина е сè уште слободна. Тој сакаше да го ослабне НАТО, но НАТО е поголем, посилен, пообединет од кога било досега, со две нови членки, Финска и Шведска. Мојот одговор е дека ние нема да се откажеме од нашата поддршка за Украина“, нагласи Бајден во својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој рече дека сојузниците и партнерите на НАТО во повеќе од 50 нации застанаа против Русија и што, како што рече, е најважно, украинскиот народ стана.

Бајден исто така рече дека светот мора да се „оздрави“ од ужасите што се случија на 7 октомври кога започна војната во Газа и дека заложниците и невините цивили во Газа минуваат низ пеколот.

„Илјадници и илјадници луѓе се убиени, вклучително и хуманитарни работници. Премногу семејства се раселени, шаторите (каде се сместени раселените лица) се преполни, соочени со тешка хуманитарна ситуација“, рече Бајден.

Тој нагласи дека е дојдено време да се финализира договорот за прекин на огнот и заложниците да се вратат дома.

Во врска со либанско-израелскиот конфликт, американскиот претседател рече дека се уште е можно дипломатско решение, пренесува Си-Ен-Ен.


TRT Balkan / агенции
Популарни