Белгискиот премиер Александар Де Кро предупреди дека Европа може да се соочи со „воена економија“ доколку Европската унија не започне да ја решава енергетската криза.     Фото: Ројтерс 

Белгискиот премиер Александар Де Кро предупреди дека Европа може да се соочи со „воена економија“ доколку Европската унија не започне да ја решава енергетската криза.

Во изјава за локалната телевизиска станица ВРТ, Де Кро истакна дека оваа ситуација не е одржлива.

Критикувајќи ги бавните чекори на Европската комисија по ова прашање, тој рече дека Белгија нема да дозволи компаниите да банкротираат или илјадници луѓе да излезат на улица поради сметките за електрична енергија.

„Оваа криза е многу повеќе од енергија, се работи за стабилноста и безбедноста на европскиот континент. Доколку Европската комисија не интервенира, постои ризик од влегување во вистинска воена економија“, предупреди премиерот на Белгија.

Нагласувајќи ја важноста од воведување горна граница на цената на природниот гас, Де Кро рече дека ова прашање треба да се реши и на европско ниво.

Премиерот на Белгија Де Кро минатиот месец предупреди дека следните пет или десет зими ќе бидат тешки поради зголемувањето на цените на енергенсите.

AA
Популарни