Двајца полицајци се повредени по силната експлозија што се случи во четвртокот вечерта пред зградата на полицијата во северниот дел на Берлин, соопшти денеска берлинската полиција.
„Околу 20 часот и 20 минути дошло до сериозен безбедносен инцидент во околината на нашата полициска секција 12 во Витенау, во кој при рутинска безбедносна патрола биле повредени колеги, а еден од нив се здобил со тешки телесни повреди“, се вели во соопштението на полиција на платформата Икс.
Според прелиминарната истрага, експлодирал непознат предмет, при што еден полицаец се здобил со тешки повреди на лицето и окото, додека друг полицаец се здобил со траума.
И двајцата во моментов се на лекување, се вели во соопштението.
Полицијата покрена истрага за да утврди што точно експлодирало и дали се работи за намерен напад.