Падот на Берлинскиот ѕид нѐ значеше само обединување на Германија туку и крај на Студената војна / Photo: AA

Изграден е со одлука на тогашниот комунистички режим за да се спречи заминувањето на источните Германците во демократските западни земји. Падот на Берлинскиот ѕид нѐ значеше само обединување на Германија туку и почеток на падот на комунистичкиот режим, односно крај на Студената војна.

Берлинскиот ѕид беше долга бариера што го делеше Западен од Источен Берлин и окружната територија на Германската Демократска Република.

Го изградила источно-германската влада, која му дала пропагандно име со придавката „антифашистички“.

Изградбата на ѕидот почна на 13 август 1961 година и беше надградуван неколку пати. Ѕидот не беше само обична бодликава жица над висока бариера од тули, туку имаше улога на огромен бетонски ѕид кој го опкружуваше Западен Берлин, практично го подели градот, отсече улици и раздели многу семејства и пријатели.

Падот на Берлинскиот ѕид на 9 ноември 1989 година, кој беше пресвртница и за Германија и за Европа, стави крај на режимот на Источна Германија, односно Германската Демократска Република, а социјалистичкиот блок во Европа исчезна.

Помеѓу 1949 и 1961 година, околу три милиони луѓе, особено образовани и квалификувани млади луѓе од Источна Германија, чија економија се влошуваше, избегаа на Запад.

За да ги спречи овие бегства, управата на ГДР одлучи тајно да ја затвори границата во Берлин во сабота навечер, на 12 август 1961 година.

Долг 156 километри, Берлинскиот ѕид беше одговорен за смртта на најмалку 138 луѓе кои беа убиени обидувајќи се да го преминат. Многу други, кои беа спречени во овој план, завршија во зандани.

Поради сѐ поголемата желба за обединување, ѕидот на 9 ноември 1989 година е отворенза непречен сообраќај, а потоа целосно е урнат. Само неколку часа по падот на Берлинскиот ѕид беа отворени други гранични премини, а десетици илјади Германци танцуваа пред и на ѕидот. Истиот ден по падот на ѕидот, милион луѓе преминаа во Западен Берлин.

Падот на Берлинскиот ѕид, симбол на „Студената војна“ во 20. век, е еден од важните чекори преземени кон повторното обединување на земјата.

Пред 34-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, оние кои го посетија овој споменик во Берлин на новинарот на Анадолу му ги кажаа своите размислувања и сеќавања за падот на ѕидот.

Ингрид Пиксли, која емигрирала од Берлин во САД во 1986 година, дојде да го посети главниот град, рече дека никогаш не очекувала пад на Берлинскиот ѕид.

„Не мислев дека ова ќе се случи. Беше целосно изненадување. Познавам луѓе кои се обидоа да дојдат на оваа страна“, рече Пиксли.

Таа изјави дека верува оти луѓето кои живеат на истокот и западот на Германија се интегрирале.

„Мислам дека беше потешко отколку што луѓето замислуваа, но тие сепак се интегрираа. Мислам дека е импресивно да се дојде во Берлин и да се видат луѓе од различни националности. Многу е убаво што овде се зборуваат толку многу јазици“, објасни Пиксли.

Еден од посетителите е пензионер кој не сака да го каже своето име.

Тој рече дека за уривањето на ѕидот дознал од вестите на телевизијата на 9 ноември 1989 година.

„На почетокот не можев да поверувам“, објасни тој.

Тој смета дека луѓето кои живеат на истокот и на западот на земјата не се целосно интегрирани и дека се уште има луѓе кои имаат предрасуди едни кон други.

Никола, кој пред падот на ѕидот работел во градинка во Источен Берлин, изјави дека вечерта на 9 ноември бил дома, а следниот ден работел во градинката.

Уривањето на ѕидот го изненадило.

"Има многу можности во овој град. Многу од луѓето отидоа на работа во западниот дел на градот. Се разбира, постојат разлики. Имам пријатели и на исток и на запад од градот. Секако дека се уште има проблеми“, додаде Никола.

Првите две лица кои ги загубија животите при обидот да го преминат Берлинскиот ѕид беа Ајда Сиекман и Гунтер Лифтин.

Ѕидот беше и олицетворение на Студената војна, така што самото уривање на Берлинскиот ѕид го означи почетокот на ослободувањето од комунистичката идеологија и структури, не само во Источна Германија, туку и во поголемиот дел од социјалистичките земји во Европа дотогаш.

Со години, а особено по обединувањето, Германија е најголемата економска сила во Европа и меѓу лидерите во светот.

Секој 9 ноември се организира скромно одбележување на годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, кога присутните се сеќаваат и на оние кои ги загубија животите.


AA
Популарни