Според локалните власти, засега нема информации за жртви / Фото: Reuters

Германската полиција утрово ги затвори улиците во центарот на Келн по експлозијата пред популарен ноќен клуб.

Експлозијата се случила околу 5:50 часот по локално време на приземјето на зграда на улицата Хоенцолернринг. Оштетени се предните делови на продавниците и излозите.

Полицијата на социјалните мрежи соопшти дека е во тек голема операција и побара од луѓето да ја избегнуваат областа. Според локалните власти, засега нема информации за жртви.

AA
Популарни