Борел, кому му истекува мандатот како шеф на дипломатијата на ЕУ, му се заблагодари на Блинкен за досегашната соработка / Photo: Reuters

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел денеска во Брисел разговараше со американскиот државен секретар Ентони Блинкен за актуелната глобална политичка ситуација, вклучително и војната во Украина.

Тој рече дека војната во Украина треба да се прекине на фер начин за Украинците.

Борел, кому му истекува мандатот како шеф на дипломатијата на ЕУ, му се заблагодари на Блинкен за досегашната соработка.

„Бевте многу добар колега и близок пријател кого го поканивме на Советот за надворешни работи толку пати... Се сеќавам пред руската војна во Украина, колку телефонски повици и состаноци имавме обидувајќи се да избегнеме војна. Сега треба да можеме да ја запреме војната на фер начин за Украинците“, рече Борел.

Тој потсети дека Блинкен веќе имал состанок во Советот за надворешни работи пет пати, „многу повеќе од кој било друг гостин (освен Украина)“.

TRT Balkan / агенции
Популарни