Никој на земјата не е повреден, имајќи предвид дека авионот се урнал во населено место / Photo: Reuters

Сите 58 патници и четворица членови на екипажот на комерцијален авион загинаа денеска во авионска несреќа во бразилската држава Сао Паоло.

Ова на новинарите им го потврди Осмир Круз, секретар за безбедност во Сао Паоло.

Авионот АТР-72-500 се урна во населбата Капела, во гратчето Винедо. Станува збор за авион на компанијата Воепас.

Круз додаде дека никој на земјата не е повреден, имајќи предвид дека авионот се урнал во населено место.

Локалните медиуми јавуваат дека двомоторниот турбоелисен авион летал од градот Каскавел, во државата Парана, кон меѓународниот аеродром Гуарулхос, во Сао Паоло.

Извештаите од платформата за следење на авиони Флајтрадар покажуваат дека авионот паднал од приближно 4.000 метри за околу една минута.

На местото на несреќата се упатени надлежни служби.

Бразилската авиокомпанија се заблагодари на службите вклучени во интервенцијата и додаде дека засега не е позната причината за несреќата.

„Се уште нема потврда за тоа како се случила несреќата или за моменталната состојба на луѓето во авионот“, се вели во соопштението.

На социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа како авионот паѓа меѓу дрвјата, а на едно од овие видеа се гледа како густ облак од црн чад брзо се издига.


AA
Популарни