Пучистите планирале да употребат отров за да го убијат претседателот Лула / Photo: AFP

Бразилската федерална полиција уапси пет полицајци вмешани во наводен заговор за организирање воен удар и убиство на претседателот Луис Инасио Лула да Силва и највисоките владини претставници, соопштија властите во вторник.

Судијата Александре де Мораес донесе одлука за јавно објавување на апсењето на еден федерален полицаец и четворица воени офицери обвинети за учество во „планирање на државен удар и насилно укинување на демократското владеење на правото“.

Осомничените спроведувале операцијата „Копа 2022“, која имала за цел следење, апсење или убиство на клучните личности, како што се Де Мораес, Лула и потпретседателот Џералдо Алкмин, за да ја поништи изборната победа на Лула.

Осомничените, наводно, ги набљудувале Мораеш и Лула од ноември 2022 година, по победата на Лула на изборите.

Истрагата исто така откри дека пучистите го имале во предвид здравјето на Лула и планирале да употребат отров за да го убијат претседателот.

Дополнително, беа разгледани различни опции за убиството на Де Мораес, вклучително и употреба на експлозивна направа и отров на јавен настан.

Алкмин исто така беше мета со оглед на тоа дека ако Лула биде убиен, претседателската функција ќе ја презеде потпретседателот.

Осомничените планирале и „кризен кабинет“ за да го воспостави редот и да го води Бразил по државниот удар.

Федералната полиција соопшти дека планот подразбирал давање моќ на генералот Аугусто Хелено, шеф на министерската канцеларија за институционална безбедност за време на администрацијата на поранешниот претседател Жаир Болсонаро и генералот Брага Нето, поранешен министер за одбрана и потпретседателски кандидат на Болсонаро.

Осомничените се уапсени во Рио де Жанеиро, каде што се одржува самитот на Г20.


AA
Популарни