Британците денеска гласаат на клучните општи избори / Photo: AA

Граѓаните на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска денеска гласаат на вонредните парламентарни избори, на кои се очекува убедлива победа на опозициската Лабуристичка партија по долгогодишното владеење на конзервативците.

Во 650-те изборни единици ќе се бира по еден претставник во Долниот дом на Парламентот, каде за претставник на изборната едница ќе биде кандидатот што освоил најголем број гласови.

Избирачките места се отворени во 7:00 часот по локално време, а ќе се затворат во 22:00 часот.

Штом ќе заврши гласањето, излезните анкети ќе го дадат првичниот преглед на изборните резултати, нудејќи ран увид во потенцијалниот состав на следната Влада на Обединетото Кралство.

Конзервативците од десниот центар, кои се на власт од 2010 година, се соочуваат со најтешкиот предизвик досега.

Откако постигна победа на изборите во 2015, 2017 и 2019 година - Конзервативната партија сега значително заостанува. Неодамнешните анкети покажуваат дека најголемата опозициска Лабуристичка партија има поголема поддршка.

Покрај тоа, има и зголемување на поддршката за десничарската партија Реформ ОК.

Иако некои резултати би можеле да бидат објавени пред полноќ, повеќето се очекуваат рано наутро в петок.

За формирање на Владата потребно е парламентарно мнозинство од 326 пратеници.

Во случај ниту една од партиите да не освои апсолутно мнозинство во Парламентот, тогаш другите партии би можеле да бидат клучни за формирање на коалициска Влада.

Во таков случај партиите би можеле да соработуваат и да формираат коалициска Влада, при што лидерот на партијата со најголем број пратеници обично станува премиер.

TRT Balkan / агенции
Популарни