Годинава во Шведска се случиле 48 престрелки со фатални последици     Фото: АА

Престрелките меѓу криминални групи во Шведска во последната деценија се се почести, а властите во оваа земја се борат да го запрат насилството.

Оваа скандинавска земја се почесто се нарекува европска престолнина кога станува збор за смртoносните престрелки.

Годинава во Шведска до сега се случиле 48 престрелки со фатални последици , а според извештаите на локалните медиуми бројот се очекува да се зголеми до крајот на годината. Од тие причини 2022 година е најкрвавата во историјата на Шведска кога се работи за уличните престрелки.

„Мојот син Марли имаше само 19 години”, изјави Марита Огилви чиј син бил со пријател во автомобил кога некој му пукал во глава со автоматско оружје. Подоцна починал во болница.

Тинејџерот беше убиен во 215 година во Варби Гард предрградие југозападно од Стокхолм.

За Огилви кошмарот продолжува. „Поминаа седум години откако беше убиен. А тој беше моето единствено дете”, изјави Огилви.

Освен што го изгубила синот таа го изгубила и нејзиниот идентитет како мајка и шансата да добие внуче.

„Мојот син ги загуби шансите да има деца и да порасне и да се пресели од дома и да патува и да се ожени. Тоа е ужасно“, додаде таа.

Стапката на престрелки со фатални последици е многу висока

Според извештајот на Шведскиот национален совет за спречување на криминалот, стапката на фатални престрелки во Шведска е многу висока во споредба со други европски земји. Во Шведска има приближно четири смртни случаи на милион жители годишно, додека во Европа стапката е 1,6 смртни случаи на милион жители.

„Сегашната ситуација овде е многу хаотична кога станува збор за криминалните банди“, рече Дијамант Салиху, новинар во Шведска.

Постарите членови на бандите регрутираат тинејџери од ранливите области за да пукаат. Со тоа младинците кои се под 18 години ризикуваат да бидат во младински притвор максимум четири години во Шведска.

„Тоа е многу токсична средина во моментов и гледаме дека тинејџерите се користени како некој вид платени убијци за да ги убијат ривалите“, додаде Салиху.

Ардаван Кошнуд криминолог на Универзитетот Лунд и лекар за итна помош во шведска болница, рече дека повеќето жртви се имигранти од 15 до 29 години.

Од 2010 година кога почнале престрелките во Шведска Кушнуд бил сведок на истрели кои завршиле во рацете и нозете на жртвите, но сега како што изјавува истрелите завршуваат во главите на оние кон кои се пука.

Според Кошнуд властите не го спречуваат формирањето и постојаното зголемување на криминалните мрежи.

Негативен приказ на имигрантите

Кошнуд смета дека големиот прилив на нелегално оружје и неуспешната интеграција одиграле клучна улога кога станува збор за смртните случаи кои се поврзуваат со бандите.

Новинарката Александра Паскалиду смета дека во скандинавската земја која секогаш беше политички и економски пример работите почнаа да се менуваат во деведесетите години на минатиот век кога јазот во општеството почна да расте. Паскалиду која исто така е активист за човекови права вели дека маргинализацијата во земјата довела до престрелки во кои биле убиени многу невини деца и млади луѓе.

Таа смета дека негативното прикажување на имигрантите во општеството и медиумите се интензивира во Шведска во последните две децении.

„Кога се убиваат други деца (деца кои не се имигранти) и млади луѓе, знаете, тие ги објавуваат нивните есеи, соседите велат тој беше толку добар човек. И сите го сакаа, а тој играше фудбал или што и да е. Но, кога овие деца – овие кафени или црни деца или муслимански деца или малцинства – во стигматизираните предградија беа смртно застрелани , луѓето велеа, во ред, тоа е само статистика. И тоа беа само бројки. И тоа беше како многу кратки приказни”, изјави Паскалиду.

Таа смета дека шведските медиуми ги навеле мигрантите како закана и тоа довело до предрасуди и недоверба кон лицата со мигрантско потекло.

Криминалците слободно се шетаат наоколу

Повеќето убиства кога се бандите во прашање остануваат нерешени од полицијата бидејќи како што вели Кошунд само во 18 проценти од случаите било постапено.

Според Паскалиду ова значи дека криминалците слободно шетаат наоколу.

Истражувањето на авторката ја навело да заклучи дека голем број од оние што биле убиени во престрелките не биле членови на банда и едноставно биле застрелани затоа што, на пример, ги помешале со некој друг.

Сепак, таа рече дека тие биле претставени и опишани во медиумите како криминалци.

„Тоа беше стереотип за обоените деца и децата мигранти и децата од малцинствата, стереотипот беше дека сите тие се криминалци. И никој не плачеше, никому не му беше грижа. Никој навистина не ги жалеше овие загуби“, рече таа.

Според Паскалиду, шведските власти не вложуваат доволно ресурси за истрага на овие убиства и многу случаи се затворени по само неколку месеци.

„Децата живеат во страв во предградијата, и тие се многу, многу разочарани бидејќи имаат чувство дека нивните животи не вредат ништо што дури и ако бидат застрелани до смрт. И никој нема да пишува во весниците или да известува дека овие деца, имале соништа, имале визии, се мачеле на училиште, дале се од себе ”, смета новинарката.

Убиецот на 19-годишниот Марли никогаш не бил изведен пред лицето на правдата бидејќи полицијата решила да го затвори случајот само по 10 месеци.

„Марли беше топла, искрено љубезна личност. Тој беше смешен. Тој простуваше. Не знам кој го уби, и не знам зошто, и ме прави да се чувствувам тажно затоа што се чувствувам дека нема правда за него“, изјави неговата мајка.

Структурно насилство

Мајката на Марли ги повика шведските власти да работат на структурниот расизам и сегрегација.

„Би рекла, тоа е структурен расизам. Тоа е главниот проблем овде во Шведска, а со тоа доаѓа сегрегацијата и економските разлики и сиромаштијата и ваков тип на настани, пукања, банди.“, нагласи Огилви.

Паскалиду интервјуираше 21 мајка чии деца беа жртви на смртоносните престрелки, и сите ѝ раскажаа приказни за структурно и симболично насилство кое доаѓа од општеството кое не ве удира со рацете и не остава траги на вашето тело.

„Но, тоа е насилството на замолчувањето. Тоа е насилство за понижување. Тоа е насилство да те сегрегира, а не да ти ги дава истите шанси. Расизмот е исто така насилство“, изјави Паскалиду.

AA
Популарни