Во 2022 година во светот се уапсени 533 новинари, што е најмногу во речиси 30 години, наведе организацијата Репортери без граници. / Photo: RSF

Во 2022 година ширум светот се убиени 115 новинари, што е зголемување од 45 отсто во однос на минатата година, а воено и најголем број од 2018 година, објави невладината организација ПЕК (Press Emblem Campaign).

Истовремено, во годишниот извештај Репортери без граници (РСФ) наведено е дека во 2022 година во светот се уапсени 533 години, што е највеќе во речиси 30 години. Украина и Мароко беа најопасни земји за работа на медиумите оваа година, наведува ПЕК, организацијата со седиште во Женева.

Од јануари, 115 медиумски работници се убиени во 29 држави ширум светот, истакнуваат од ПЕК.

„Бројот на убиените новинари порасна за 45 отсто во однос на минатата година, кога имаше 79 жртви. Тоа е највисок број жртви од 2018 година, со брутално влошување на ситуацијата во Европа поради војната во Украина“, рече претседателот на ПЕК, Блез Кампен.

Најнесигурен континент за новинарите е Латинска Америка со 39 убиени новинари, потоа Европа со 37, Азија со 30, Африка со седум и Северна Америка со две жртви.


Европа го доживеа најголемото влошување на безбедноста на новинарите од војните во поранешна Југославија од 1992 до 1999 година.


„Во Украина е тешко да се утврдат точните околности за смртта на новинарите во отсуство на независна истрага, но ПЕК брои 34 жртви од почетокот на руската инвазија на 24 февруари“, соопшти ПЕК.


Најмалку осум новинари загинаа за време на должноста и уште двајца во руско гранатирање или други злосторства, а најмалку 14 како борци во украинската армија. Меѓу 34-те убиени новинари во Украина, имало и осум странски државјани.

По Украина, Мексико оваа година беше најопасна земја со 17 убиени новинари, што е најголем број на настраданите медиумски работници од почетокот на векот во таа земја.


Во меѓувреме, Кина, каде, како што се наведува, „цензурата и надзорот достигнаа екстремни нивоа“, продолжува да биде најголемиот светски затвор за новинари. Репортери без граници наведуваат дека моментално во таа земја 110 новинари се во притвор.

Иран, со 47 затвореници, стана трета држава по бројот на притворени новинари, само месец дена по почетокот на масовните демонстрации во оваа земја.

Репортери без граници соопшти дека никогаш претходно не е забележан толку голем број на новинарки во притвор. Моментално бројот на новинарки во притвор е 78, што е рекорден пораст од речиси 30 отсто во однос на 2021 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни