Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив / Photo: AA

Уште околу 100 Палестинци загинаа во безмилосни израелски напади во Појасот Газа во последните 24 часа, со што вкупниот број загинати од 7 октомври минатата година на 41.788, објави во четвртокот Министерството за здравство на Газа. Во соопштението на Министерството се додава дека во тековните напади се повредени околу 96.794 лица. „Во последните 24 часа израелските сили убиле 99 лица и раниле 169 лица во осум масакри на семејства“, соопшти Министерството. Се додава дека многу луѓе се уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив. Израел го продолжи својот геноцид во Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот.

AA
Популарни