Црна Гора и БиХ со најголем раст на минималната плата во регионот

Црна Гора и БиХ со најголем раст на минималната плата во регионот

Минималната плата во Федерацијата БиХ, ентитет во Босна и Херцеговина ќе достигне 511 еврa
Минималната плата во ФБиХ е повисока во споредба со Србија и помала во однос на минималниот приход во Црна Гора и Хрватска / Photo: AA

Почнувајќи од 2025 година, минималната плата во Федерација БиХ, ентитет во Босна и Херцеговина ќе биде зголемена за 381 конвертибилна марка, со што минималната плата во овој дел на БиХ ќе достигне 1.000 конвертибилни марки (511 евра), што претставува зголемување за 61,5 проценти.

Оваа плата е повисока во споредба со Србија и помала во однос на минималниот приход во Црна Гора и Хрватска.

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска донесе одлука според која најниската плата ќе изнесува 1.000 конвертибилни марки. Одлуката се применува од 1 јануари до 31 декември 2025 година. Најниската плата во ФБиХ годинава изнесувала 619 конвертибилни марки или 316 евра.

Владата на Република Српска, другиот ентитет во Федерацијата БИХ сè уште не одлучил за висината на најниската плата за наредната година. Во моментов таа изнесува 900 конвертибилни марки или околу 460 евра.

Во Србија минималната плата следната година ќе изнесува 53.592 динари или околу 457 евра месечно и за првпат ќе ја покрие минималната потрошувачка кошничка. Ова беше договорено претходно на состанокот на Социјално-економскиот совет на Србија. Ова е зголемување од 13,60 отсто во однос на претходната година.

На седницата на Владата на Хрватска беше прифатен предлогот за регулатива за висината на минимална плата за 2025 година од 970 евра, што е зголемување од 130 евра во однос на претходната година или 15,48 отсто. Нето платата во Хрватска ќе биде околу 750 евра.

Пратениците на Собранието на Црна Гора во септември усвоија сет фискални закони за намалување на придонесите за пензионерите за работниците веќе во октомври да добиваат најниски плати од 600 до 800 евра, во зависност од нивното образование. Минималната плата во Црна Гора претходно изнесуваше 450 евра.

TRT Balkan / агенции
Популарни