За време на посетата, Чавушоглу рече дека Туркије и Египет ќе ги подигнат дипломатските односи на највисоко ниво „што е можно поскоро“.      Фото: АА

Анкара и Каиро се договорија за унапредување на билатералните и подигнување на дипломатските односи на највисоко ниво, изјави синоќа турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

„Сакаме да ја исполниме новата страница што ја отворивме со Египет со заеднички проекти и успешни приказни“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата со египетскиот колега Самех Шукри во главниот град Анкара.

Истакна дека Туркије и Египет преземаат конкретни чекори за подигнување на дипломатските односи на највисоко ниво.

„Преземаме конкретни чекори за да го подигнеме нивото на застапеност на ниво на амбасади. Во наредниот период ќе ве информираме со заедничко соопштение“, рече Чавушоглу.

Додаде дека Анкара и Каиро се согласни да ги подобрат односите.

Чавушоглу на 18 март, исто така, престојуваше во официјална посета на Египет, на покана на министерот Шукри.

Чавушоглу беше првиот министер за надворешни работи на Туркије кој по 11 години го посети Египет.

За време на посетата, Чавушоглу рече дека Туркије и Египет ќе ги подигнат дипломатските односи на највисоко ниво „што е можно поскоро“.

Дипломатските односи меѓу Анкара и Каиро беа на ниво на вршители на должноста по воениот удар во Египет во 2013 година.

AA
Популарни