Челик: Секој напад ќе биде дел од „обвинението“ против Нетанјаху / Photo: AA

Гласноговорникот на турската Партија на правдата и развојот (АК Партија) и нејзиниот заменик претседател Омер Челик го осуди нападот на Израел врз камерманот на ТРТ Араби.

Челик на својот профил на социјалната мрежа Х изјави: „Секој напад ќе биде дел од „обвинението“ против Нетанјаху.“

Гласноговорникот на АК партија го осуди нападот на израелската војска врз шаторот на новинарите во Кан Јунис, во кој се наоѓаше и камерманот на ТРТ Араби, Мухамед ез-Зеани. „Ги поздравуваме сите новинари кои известуваат за случувањата во Палестина и го документираат израелскиот геноцид“, соопшти Челик.

Во својат аобјава на платформата „Х“, Челик упати сочувство на семејството на ТРТ и посака брзо опоравување на повредениот камерман.

TRT Balkan
Популарни