Граѓаните на Чешка се подготвени да изберат нов претседател на државата. На изборите ќе истрчаат осум кандидати од кои тројца се издвојуваат во анкетите како фаворити, но најверојатно ниту еден од нив нема да освои над 50% од гласовите, па така извесно е дека идниот претседател ќе биде одреден во вториот круг.
Гласањето на непосредни избори ќе трае два дена со можност да се гласа и во петок и во сабота. Доколку нема јасен победник вториот круг ќе се одржи на 27 и 28 јануари.
Актуелниот претседател Милош Земан, кој беше обвинет за пречекорување на неговите уставни надлежности нема да учествува на изборите бидејќи го исполни условот од два мандати.
Земан беше критикуван и поради обидите за подобрување на односите со Кина и Русија, како и за изјавите против бегалците и муслиманите.
Во тесна трка се очекува да бидат поранешниот премиер Андреј Бабиш, пензионираниот генерал Петр Павел и Дануше Нерудова економист и академик.
Иако улогата на претседателот е церемонијална исто така има важна улога како врховен командат на вооружените сили.
Тројцата главни кандидати се соочени со контроверзни прашања во нивното минато и поради тоа беа напаѓани низ кампањата.
Бабиш (68) се соочи со судски процес за наводни измами поврзани со европски субвенции вредни 2 милиони евра лани во септември, но беше ослободен од тужбата пред само неколку дена.
Исто така критикуван за поранешниот анти-мигрантски и анти-ЕУ коментари, поранешниот премиер се кандидира со поддршка на популистичката партија Акција на незадоволни граѓани (АНО 2011).
Пензионираниот војник, кој е независен кандидат, бил поранешен член на Комунистичката партија на Чехословачка пред Кадифената револуција да му стави крај на советскиот режим.
Павел (61) ја води кампањата под слоганот „Да го вратиме редот и мирот во Чешка Република“.
Нерудова, инаку единствена жена која е во трка за претседателството, е една од трите кандидати поддржани од Сполу, центар десно коалиција во која членува и сојузот на Пирати и градоначалници.
Сепак, и таа се соочува со критики и обвинувања за плагијат, како и брзо стекнување со академски дипломи.
Нејзината кампања е фокусирана на подобро образование, еднакви права и пензиски реформи.
Според локалната агенција Медијан се очекува Павел да освои 29.5% од гласовите, Бабиш околу 26.5%, додека пак Нерудова од 21 до 25% гласови.
Бидејќи ниту еден од кандидатите веројатно нема да освои барем половина од гласовите, вториот круг од вториот круг помеѓу Бабиш и Павел се чини најверојатен исход.
Првите прелиминарни резултати се очекуваат во сабота навечер.