Најмалку 5 лица загинаа, а повеќе од 700 се повредени во поплавите и силните ветришта предизвикани од циклонот „Мока“, што ги зафати Бангладеш и Мјанмар.
Здружението на млади Араканци во Ситве, главниот град на мјанмарската држава Аракан, објави дека голем број жители од регионот заминале на побезбедни места.
Локалните медиуми информираа дека 5 безживотни тела се пронајдени во текот на спасувачките акции во регионот.
Локалните официјални лица соопштија дека брзината на циклонот изнесувала 209 километри на час.
Силниот ветер ги оштетил објектите и далноводите, а на одделни згради ги урнал крововите.
Стотици илјади луѓе во крајбрежните подрачја се евакуирани поради ураганот, а граѓаните се повикани да бидат подалеку од крајбрежните подрачја.
Се проценува дека во Бангладеш се евакуирани над 700.000 лица.
Циклонот „Наргис“ беше причина за смртта на околу 135.000 лица во Мјанмар 2008 година.