Сезоната на монсуни во Индија трае од јуни до септември.      Фото: Ројтерс

Во последните седум дена 49 лица починаа од удар од гром во индиската држава Утар Прадеш.

„Бројот на починати од гром оваа недела порасна откако 7 луѓе, од кои поголемиот дел се земјоделци, починаа од удар од гром во градот Каушамби“, наведено е во соопштението од полицијата.

Жртвите наводно се сокриле под дрвјата за да ги избегнат монсунските дождови, а токму така настрадале од удар од гром.

Поради зголемениот број смртни случаи, Владата издаде нови насоки за начините за заштита од гром. Сезоната на монсуни во Индија трае од јуни до септември.

Околу 750 луѓе загинаа од удар на гром во Индија од април, според податоците на Индискиот метеоролошки завод.

Само во последните два дена во државата Бихар настрадаа 20 луѓе, додека на почетокот на овој месец во државата Мадја Прадеш загинаа 16 лица.

AA
Популарни