Најчесто несреќите се случуваат во нелегални работилници за изработка на петарди / Фото: AFP

Најмалку шест лица загинаа, а над 50 се повредени откако избувна пожар во фабрика за петарди во индиската држава Мадја Прадеш, соопштија властите. Инцидентот се случил во областа Харда и во тек е спасувачка операција во областа.

„Имаше експлозија во фабриката за петарди и шест лица загинаа, а над 50 се повредени“, рече Мохан Јадав главниот министер на Мадја Прадеш.

Канцеларијата на Јадав соопшти дека главниот министер одржал итен состанок со високи функционери.

Амбулантни возила се префрлени во Харда од околните области, а индиската армија била контактирана да организира хеликоптери.

Риши Гарг, висок функционер во областа, рече дека спасените се префрлени во болница и операцијата за спасување се уште е во тек.

AA
Популарни