Во Баку, Азербејџан, oд денеска до 22 ноември се одржува Рамковната конвенција на ОН за климатски промени на која светските лидери и активистите разговараат за решавање на климатската криза / Photo: AA

На првиот ден од ЦOП29- 29. Конференцијана Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (УНФЦЦЦ), која се одржува во Баку, главниот град на Азербејџан, внимание беше насочено кон „критичното“ ниво на глобалното затоплување.

Султан Ахмед Ал Џабер, специјален претставник за климатски промени и министер за индустрија и напредна технологија на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кој претседаваше со ЦОП минатата година, ја нагласи потребата светот да се обедини за климата.

Претседателот на ЦОП29 и министер за екологија и природни ресурси на Азербејџан Мухтар Бабаев рече дека преговорите за финансирање, особено во борбата против климатските промени, ќе бидат „комплексни и тешки“.

Сајмон Стиел, извршен секретар на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, рече дека најмалку две третини од земјите треба да бидат подготвени брзо да ги намалат емисиите.

„Во спротивно, секоја држава ќе плати брутална цена“, рече Стил.

Посебно внимание привлече извештајот објавен од Светската метеоролошка организација (СМО) како дел од ЦOП29.

Во извештајот, во кој уште еднаш се предупредува дека светот треба да „биде внимателен“ од рапидно растечкото влијание на климатските промени поради зголеменото ниво на стакленички гасови во атмосферата, се наведува дека „2024 г. на пат да биде најтоплата година досега, по долгорочните максимални месечни глобални просечни температури“.

Во Баку се собраа светските лидери, креаторите на политиката и активистите да разговараат за решавање на се поинтензивната климатска криза.

Настанот ќе трае до 22 ноември и ќе се фокусира на дискусии за глобалното затоплување, климатската адаптација и одржливоста. Со екстремните временски настани во пораст и просечните глобални температури кои достигнуваат невидени нивоа, ЦOП29 обезбедува клучна платформа за напредни решенија.

Примарниот фокус на овогодинешната конференција е климатското финансирање. ОН ја нагласуваат потребата од трилиони долари за да им се помогне на земјите значително да ги намалат емисиите на стакленички гасови, истовремено градејќи отпорност на заканите поврзани со климата.

Основана во 1992 година, УНФЦЦЦ произлезе од првичните наоди на Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ), со цел да се стабилизираат концентрациите на стакленички гасови за да се спречи сериозно нарушување на климата предизвикано од човекот.

Членките, 198 земји, се состануваат годишно за да го проценат напредокот и да преговараат за колективни одговори на климатската криза. Овогодинешната конференција во Баку најавува обновен акцент на преземените обврски и иновативните механизми за финансирање за да се поттикне глобалниот напредок.

AA
Популарни