Дали корупцијата е широко распространета во ЕУ?

Корупциски скандал во моментов ја тресе Европската унија. Грчката политичарка Ева Каили, до вчера потпретседателка на Европскиот парламент, заедно со уште три лица се најде среде корупциски скандал во случај поврзан со Катар. Сомнежите на истражителите се однесуваат на големи суми пари кои наводно ги платила земјата домаќин на Светското првенство во 2022 година за да влијае на европската политика.

За повеќето европски граѓани, фактот дека случајот за корупција се појавува внатре во европските институции не треба да биде големо изненадување. Минатата пролет, според Статиста, просечно 68 отсто од испитаниците во истражување ширум ЕУ изјавија дека корупцијата е широко распространета во нивната земја.

Перцепција за корупција Others

На врвот на листата е Грција, земјата од каде доаѓа Каили, каде 98 отсто од граѓаните сметаат дека корупцијата царува во земјата. Унгарија е втора на листата со 91 отсто од испитаниците кои мислат дека има широко распространета корупција во нивната земја.

Шпанија и Италија го делат третото место со 89 отсто од испитаниците кои сметаат дека има широко распространета корупција во земјата.

Франција е петта на листата со 69 отсто од испитаниците кои потврдно одговориле на прашањето дали сметаат дека има широко распространета корупција во земјата. Истражувањето на Евробарометар е спроведено во март/април годинава на 26.509 испитаници ширум ЕУ.

Само за илустрација, во Данска 16 отсто од испитаниците одговориле дека во земјата има распространета корупција со што оваа земја се најде на самото дно на оваа „неславна“ листа. Заедно со Финска, Данска е единствената земја-членка на ЕУ каде што помалку од еден од пет граѓани веруваат дека корупцијата сè уште преовладува на национално ниво.

Да се криминализираат сите форми на корупција

Комесарот на ЕУ во вторникот ги осуди сите оние кои земаат мито и повика на криминализација на сите форми на корупција во сите земји-членки на блокот.

„Мора да има нулта толеранција за корупцијата. Корупцијата е злосторство што ја поткопува нашата демократија, економија и општество“, рече Илва Јохансон, комесар за внатрешни работи, во говорот пред Европскиот парламент.

„Минатиот петок беше меѓународен ден за борба против корупцијата. На овој ден од сите денови, белгиските власти извршија неколку претреси на адреси во Брисел“, рече вчера таа.

„Извршени се 20 претреси под сомнение за вмешаност во организиран криминал, корупција и перење пари. Поднесена е пријава против четири лица вклучувајќи и еден поранешен пратеник и потпретседател на Европскиот парламент“, додаде таа, мислејќи на Ева Каили, чиј мандат парламентот во вторникот одлучи да го прекине.

Истражните органи заплениле и компјутери, паметни телефони и над половина милион евра готовина.

„Засрами се“

„Обвинувањата се крајно сериозни“, рече Јохансон. „Истрагата сè уште е во тек. И постои презумпција на невиност. Но за секој што прифаќа мито јас велам: Срам да ви е. Срам да ви е што ја нарушувате довербата на народот на Европа кои очекуваат да се борите за нивните, а не за вашите интереси“, рече таа.

Единствениот начин да се обнови оваа доверба е целосно да се поддржат истрагите и виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата, тврди таа.

Јохансон рече дека следната година ќе предложи нов закон за да се ослободи од разликите во националните закони кои ја попречуваат борбата против корупцијата.

Каили, една од 14-те потпретседатели на европското законодавно тело од грчката централно-левичарска партија ПАСОК-КИНАЛ, беше уапсена минатиот петок од белгиската полиција, откако нејзината куќа беше претресена поради обвиненија за корупција, наводно поврзани со Катар.

Маргаритис Шинас, потпретседател на Европската комисија, беше казнет за неговите врски со Катар по истрагата за корупција поврзана со Европскиот парламент и изјави дека не добил ништо од Катар „освен фудбалски топки и чоколади“.

Шинас, грчки член и потпретседател на Комисијата на ЕУ, кој присуствуваше на церемонијата на отворањето на Светското првенство ФИФА 2022 година во Катар во име на Комисијата на ЕУ, исто така рече дека подароците што ги добил биле под прагот на Комисијата на ЕУ за регистрација на подароци.

Катар ги отфрла обвинувањата

Катар отфрли каква било поврзаност со обвинувањата за недолично однесување што го потресоа Европскиот парламент.

„Катар категорично отфрла какви било обиди да се поврзе со обвинувања за недолично однесување. Секое поврзување на катарската влада со пријавените тврдења е неосновано и сериозно дезинформирање“, се вели во соопштението на мисијата на Доха во ЕУ во неделата.

Се додава дека заливската држава „работи преку ангажман од институција до институција и работи во целосна согласност со меѓународните закони и прописи“.

TRT Balkan
Популарни