Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека седум лица се повредени и хоспитализирани по нападот. / Photo: AA

Учениците од Основното училиште Араб Кабине во Ерихон сведочеа за Анадолу за страшните моменти што ги преживеале за време на неодамнешниот напад на Израелците кои ја узурпираа палестинската земја во тој регион на окупираниот Западен Брег.

Делегација, вклучувајќи локални жители и претставници на организации за човекови права, предводена од гувернерот на Ерихон и на долината Јордан, Хусеин Хамаил, го посети училиштето, кое се наоѓа на ридскиот исток на Западниот Брег, за да ја процени ситуацијата во училиштето и да ја обезбеди потребната поддршка по неодамнешниот напад.

Околу 700 Палестинци од арапската бедуинска заедница Ал-Кабине живеат во шатори и бараки.

Во ова училиште учат околу 100 деца од оваа заедница и од другите семејства од околината.

Учениците на возраст меѓу шест и 12 години, рекоа дека одењето на училиште станува сè поопасно секој ден поради сè почестите напади на Израелците кои ја узурпираа палестинската земја.

Напад со стапови

Мелек Мелихат, ученичка во трето одделение, зборуваше за репортерот на Анадолу за застрашувачките моменти кои ги доживеала за време на израелскиот напад.

„Сцената беше страшна, студентите бегаа, а доселениците ги тепаа со стапови. Го влечеле по земја директорот на училиштето и брутално го претепале. Тоа беа страшни моменти кога престанаа животот и образованието. Бев сведок како татко ми беше тепан и затворен од израелски војници затоа што нè бранеше“, изјави Мелихат.

И покрај сè, Мелихат рече дека овие напади не можат да ја скршат нивната решителност и да ги оддалечат од училиште.

Аја Мелихат, четвртоодделенка, рече дека напаѓачите го уништиле училиштето, палестинското знаме и се што имало палестински симбол.

„Се чувствувавме како да сме лице в лице со смртта. Еден од доселениците ја туркаше вратата од училницата за да влезе. Одеднаш ни ја исклучија струјата и водата. Умиравме од страв во училницата“, рече Аја.

И Аја е решена да го продолжи своето образование, и покрај израелските закани. „Најпрво не сакав да се вратам на училиште бидејќи се плашев, но денес со Божја дозвола ќе продолжиме да учиме без разлика на околностите“, изјави Аја.

Одговорност за напаѓачите Сулејман Мелихат, водачот на арапската бедуинска заедница Ал Кабине, ги осуди нападите на Израелците кои ја узурпираа палестинската земја, а особено нападот врз училиштето.

Мелихат рече дека пред неколку месеци група сточари, израелски узурпатори, почнале да ги малтретираат жителите на регионот со блокирање патишта, палење куќи и труење на водата што ја користат за животните.

Наведувајќи дека Израелците брутално го нападнале училиштето, Мелихат нагласи дека тоа го направиле под заштита на израелската армија. Барајќи заштита за населението во нападнатиот регион, Мелихат повика на кривично гонење на напаѓачите.

Тој исто така рече дека израелските узурпатори сакаат да ја преселат арапската бедуинска заедница за да ги спроведат нивните планови за изградба на нелегална населба.

Одлучноста на палестинскиот отпор

Гувернерот на Ерихон и на долината на Јордан, Хусеин Хамаил, исто така изјави дека израелските напади се интензивирани во долината Јордан, особено во регионот Ал-Муракат, каде што се наоѓа бедуинската арапска заедница Ал-Кабине и нивните училишта.

„Израелските узурпатори живеат во заблуда дека нивните угнетувачки практики ќе го принудат палестинскиот народ да мигрира. Ниту една форма на тероризам и насилство нема да може да ја скрши волјата на палестинскиот народ или да ја прекине нивната врска со неговата вера и земја. Палестинскиот народ ќе остане одлучен во својата земја“, рече Хамаил.

Во соопштението на палестинското Министерство за образование се наведува дека упадот во училиштата на израелската армија и узурпаторите на палестинската земја не е изолиран инцидент, туку практика која се повторува.

„Овие грозоморни напади од страна на окупаторскиот Израел го откриваат неговото грдо лице и непочитување на правата на децата“, се вели во соопштението.

AA
Популарни
Оваа страница користи колачиња. Продолжувајќи да ја пребарувате страницата, се согласувате со употреба на колачиња.Политика за колачиња
Прифати