Договорот за повторна испорака на жито од Украина ќе биде потпишан денес во Истанбул, соопшти Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство.
На церемонијата ќе присуствуваат и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш.
Тони украинско жито се задржани поради руско-украинската војна која започна во февруари, што предизвика недостиг на светско ниво и пораст на цените.
Русија, обвинета дека ја користи храната како оружје, смета дека за кризата треба да се обвинат санкциите кои ги воведе Западот.
Турските, украинските, руските и претставниците на ОН минатата недела се согласија да се сретнат за да воспостават координативен центар во Истанбул кој ќе управува со извозот на украинско жито.