Голем број ожалостени граѓани се собраа на плоштадот Свети Петар на погребот на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти за да му оддадат последна почит на германскиот теолог кој влезе во историјата со неговото пензионирање. Граѓаните се дел од ретката миса за мртов понтиф со која претседава жив.
Поранешниот папа Џозеф Рацингер, кој почина на 31 декември на 95-годишна возраст, се смета за еден од најголемите теолози на 20 век кој го поминал својот живот поддржувајќи ја црковната доктрина. Но, тој ќе влезе во историјата по единствениот, револуционерен чин што ја промени иднината на папството: поднесе оставка и стана првиот папа во шест века што го сторил тоа.
Папата Франциск ја пофали храброста на Бенедикт да се повлече, велејќи дека тоа „ја отвори вратата“ за другите папи кои би го направиле истото. Френциск, од своја страна, неодамна рече дека веќе оставил писмени упатства во кои се наведени условите во кои и тој би поднел оставка.
Папата Франциск ќе го води погребот, на кој властите проценија дека ќе присуствуваат околу 100.000, што е повеќе од првичната проценка од 60.000, објавија италијанските медиуми, повикувајќи се на плановите за безбедност на полицијата.
Само Италија и Германија беа поканети да испратат официјални делегации, но други шефови на држави и влади ќе дојдат во Ватикан во „приватно својство“. Меѓу нив има уште неколку шефови на држави, најмалку четворица премиери и две делегации на кралски претставници.
Наследството во сенка на скандалот за сексуална злоупотреба
Рано во четвртокот Ватикан ја објави официјалната историја на животот на Бенедикт, краток документ на латински кој бил ставен во метален цилиндар во неговиот ковчег пред да биде запечатен, заедно со монетите и медалјоните исковани за време на неговото папство и неговата литургиска наметка.
Во документот е посветено големо внимание на историската оставка на Бенедикт нарекувајќи го „почесен папа“, наведувајќи ги дословно латинските зборови што ги изговорил на 11 февруари 2013 година, кога објавил дека ќе се пензионира.
Бенедикт никогаш немаше намера неговото пензионирање да трае толку долго како што траеше - за речиси 10 години беше подолго од неговиот осумгодишен понтификат. И досега невидената ситуација на пензиониран папа кој живее покрај владејачкиот поттикна повици за протоколи кои ќе ги водат идните почесни папи за да се спречи каква било конфузија за тоа кој е навистина одговорен односно на власт.
Неговото наследство беше нарушено со скандалот за сексуална злоупотреба на свештенството, иако тој порано од повеќето ја препозна „нечистотијата“ на свештениците кои силуваа деца и всушност ја постави основата за Светата столица да ги казни.
Како кардинал и папа, тој донесе широка црковна легислатива што резултираше со отпуштање на 848 свештеници од 2004-2014 година. Но, жртвите на злоупотребите сè уште го сметаат за одговорен за кризата, затоа што не санкционирал кој било епископ кој ги преместувал насилниците и го идентификувал како олицетворение на свештеничкиот систем кој долго време ја штител институцијата над жртвите.