Високото ниво на водата е пониско од рекордните 8,91 метар регистрирани во 2013 година / Photo: AA

Реката Дунав предизвика поплави во Будимпешта, главниот град на Унгарија, објави Генералната дирекција за водостопанство на Унгарија

Вчера на социјалните мрежи, Генералната дирекција за водостопанство на Унгарија сподели фотографии од поплавите.

Во службена изјава е објаснето дека нивото на водата на Дунав во средата изнесувало 6,93 метри, додавајќи дека вака високото ниво на водата е пониско од рекордните 8,91 метар регистрирани во 2013 година.

Дирекцијата соопшти дека не очекуваат значителни врнежи во следните неколку дена, што би требало да доведе до опаѓање на нивото на водата на Дунав.

AA
Популарни