Иран и Азербејџан делат граница, а Иран има големо етничко азербејџанско население.             Фото: Ројтерс

Најмалку едно лице е убиено во напад со автоматско оружје врз амбасадата на Азербејџан во иранскиот главен град Техеран, соопштија властите рано во петокот.

„Напаѓачот го уништи стражарското место со автоматско оружје „калашников“ и го уби шефот на службата за безбедност. При спречувањето на нападот се повредени и двајца чувари на амбасадата. Нивната состојба е задоволителна“, се вели во соопштението на азербејџанското Министерство за надворешни работи.

Според извештаите на азербејџанските државни медиуми, осомничениот за нападот е приведен. Во моментов е во тек истрага за „предавничкиот напад“, соопшти Министерството.

Министерството соопшти дека до јавноста ќе и бидат доставени дополнителни информации за детали од случајот. Иран и Азербејџан делат граница, а Иран има големо етничко азербејџанско население.

AA
Популарни