Едно лице загина, а четворица други се повредении во експлозија во станбен комплекс во руската престолнина Москва.
Експлозијата се случила во фоајето на станбениот комплекс „Скарлет Саилс“ во северозападна Москва, јави руската државна новинска агенција ТАСС, цитирајќи извор од службите за итни случаи на земјата.
„Се случи експлозија во фоајето на првиот кат. Оштетени се застаклувањето и таванот од гипс картон. Немаше пожар“, рече изворот, цитиран од новинската агенција, додавајќи дека не постои ризик од уривање на зградата бидејќи нејзините потпорни конструкции не се оштетени.
По експлозијата, тимот за отстранување бомби стигна до зградата и почна да собира докази за да се утврди причината за експлозијата, соопшти медиумот.
Во соопштението објавено од московското биро на Истражниот комитет на Русија се вели дека е покрената кривична истрага за инцидентот.
„Се спроведуваат истражни дејствија и оперативно - претреси за утврдување на сите околности на инцидентот”, вела од Истражниот комитет.