Авионот бил пренасочен кон Бангкок, Тајланд каде што слетал

Најмалку еден патник загина, а повеќемина се повредени откако летот на „Сингапур ерлајнс“ од Лондон до Сингапур наишол на силни турбуленции, соопшти компанијата.

Се наведува дека летот СКЈУ 321, кој сообраќал од аеродромот „Хитроу“ во британскиот главен град до Сингапур синоќа и превезувал 211 патници и 18 членови на екипажот, „наишол на силни турбуленции“.

„Авионот е пренасочен кон Бангкок (Тајланд) каде што и слета во 15:45 часот по локално време денес“, се вели во соопштението.

„Можеме да потврдиме дека има повредени и еден смртен случај во Боингот 777-300ER“, соопштија од компанијата.

Компанијата не го прецизираше бројот на повредени патници, а извештаите тврдат дека повеќе од 30 лица од авионот се повредени и се на лекување во Бангкок.

TRT Balkan / агенции
Популарни