По лансирањето на екипажот Шенжу-19 рано во средата, тројца астронаути, меѓу кои и една жена, успешно слетаа на кинеската вселенска станица.
Леталото беше лансирано со ракета „Лонг марш-2Ф“ во средата во 4:27 часот по локално време (20:27 по средноевропско време) од центарот за лансирање на сателити Џјиучјуан во Внатрешна Монголија, во провинцијата Гансу.
Каи Ксуже (48), Сонг Лингдонг (34) и Ванг Хаозе (34) се сретнаа со други астронаути, познати како тајконаути во Кина, со кои ќе извршат примопредавање на должноста како нов екипаж во орбитата.
Ванг е првата жена астронаут во Кина, додека Каи служи како командант на најновата мисија. Тоа е негова втора мисија во последните 22 месеци.
Членовите на екипажот Шенжу-19 ќе ја преземат контролата над вселенските операции од екипажот Шенжу-18, кој се подготвува да се врати дома по шестмесечното истражување во вселената.
„Трениравме како тим повеќе од една година, одржувајќи ја најдобрата кондиција и највисоките стандарди“, рече Каи пред лансирањето.
Кина првпат ја лансираше својата мисија со екипаж, Шенжу-5, во 2003 година.
Пекинг го лансираше екипажот Шенжу-18 на 25 април и се очекува да се вратат во Донгфенг на 4 ноември.