Емине Ердоган ја истакна важноста на прославата на 30 март- Меѓународниот ден на нула отпадво седиштето на ОН и нагласи дека со помош на „Фондацијата нула отпад“ е создаден работен тим за подготовка на тој настан / Photo: AA

Турската прва дама, Емине Ердоган претседаваше со третиот состанок на „Високиот советодавен комитет за нула отпад“ при Обединетите нации.

Емине Ердоган за време на средбата рече: „И покрај сè, можен е поправеден свет. Поправеден свет е можен преку нашите заеднички напори. Ние сме партнери во овој сон“.

„Иако трагите оставени од Втората светска војна во природата сè уште не се целосно исчезнати, денес една земја може да истрела експлозиви еквивалентни на три атомски бомби на цивилно подрачје со големина на половина од Њујорк“.

„Во извештајот на Програмата за животна средина на ОН се вели дека чистењето на отпадот создаден од уништувањето во Газа ќе трае со децении. Станува збор за околу 39 милиони тони урнатини, а дури на половина од нив ќе бидат потребни околу 45 години за да се рециклира“.

„Од оваа година, повеќе од 120 милиони луѓе ширум светот се раселени поради природни катастрофи предизвикани од климатските промени. Остануваат уште само пет години до 2030 година и, за жал, сè уште сме далеку од ветените цели“.

Состанокот се одржа под претседателство на Емина Ердоган, сопругата на претседателот на Република Туркије, како трет официјален состанок на Високиот советодавен комитет на ОН за нула отпад.

Таа потсети дека првата средба се одржала на 1 ноември 2023 година, додека втората на 5 јуни, која, според неа, отворила нов хоризонт и била многу продуктивна.

Емине Ердоган им се заблагодари на членовите за нивната инспирација и напор, нагласувајќи дека од размената на идеи сите присутни запишале важни белешки и оти си заминале со многу предлог проекти за реализација.

Таа изрази желба нивните предлози брзо да се спроведат.

Таа нагласи дека „нема време за губење, и дека само 54 дена по последната средба е постигнат Светскиот ден на прекумерна потрошувачка на ресурси.

„Тоа значи дека за само седум месеци ги потрошивме ресурсите кои природата би можела да ги обнови за цела година. Од тој момент, секој наш потег покажуваше дека всушност крадеме од иднината. 2024 година влезе во историјата како година кога беше надмината критичната точка од 1,5 степени Целзиусови, со што беше означен првпат глобалното затоплување да ја надмине таа граница. Бројот на природни катастрофи предизвикани од климатските промени достигна рекордно ниво“.

Емине Ердоган продолжи: „Во Шпанија ја видовме најразорната поплава во историјата, во Америка ураганот Хелен предизвика големи загуби на животи, додека во Африка сушата и прекумерните врнежи погодија 7 милиони луѓе. До оваа година, повеќе од 120 милиони луѓе ширум светот станаа бегалци поради климатските катастрофи, остануваат само пет години до 2030 година и, за жал, се уште сме далеку од остварување на целите“.

Сите се согласуваат дека има директни врски меѓу катастрофите, производствените и потрошувачките навики, истакна Емине Ердоган, додавајќи дека „нула отпад“ претставува животна филозофија што може да ја промени оваа негативна динамика.

Разбирањето и ширењето на оваа свест треба да биде најважната цел на Комитетот. Таа препорача да го искористиме 30 март, Меѓународниот ден на нула отпад, како можност за промовирање на овие вредности.

Емине Ердоган ја истакна важноста на прославата на 30 март во седиштето на ОН и нагласи дека со помош на „Фондацијата нула отпад“ е создаден работен тим за подготовка на тој настан.

Таа, исто така, изрази надеж дека настанот ќе ги промовира глобалните награди за нула отпад, со цел да се откријат многу непознати иницијативи на локално ниво. Како инспиративен пример таа ги наведе нејзините патувања низ светот, вклучувајќи го и Камикацу, град во Јапонија кој рециклира повеќе од 80% од својот отпад користејќи 42 различни системи за рециклирање.

Таа го додаде и примерот на островската заедница без пластика во Шпанија како позитивен чекор во насока на урбанизам без отпад.

Емине Ердоган заклучи дека е клучно да се обединат напорите од различни географски области и да се води глобална иницијатива за постигнување одржливи решенија.

Таа нагласи дека во 2025 година ќе се одржи голем меѓународен форум посветен на нула отпад и климатски промени и укажа и на потребата да се поддржат земјите кои се несразмерно погодени од климатските промени, а чиј придонес за проблемот е минимален.

„Оние кои не се одговорни за предизвикување на проблемот мора да добијат помош“, посочи таа.

По средбата, членовите на одборот ѝ се заблагодарија на Емине Ердоган за гостопримството и посветеноста на проектот нула отпад, а беа разменети идеи за идни акции, вклучително и важноста за воведување еколошка писменост кај младите и одржување на меѓународната соработка за ова важно прашање.

TRT Balkan / агенции
Популарни