Ердоган: Целта ни е да се зголеми извозот на 265 милијарди долари / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е многу горд на сите турски извозници.

„Денес, кога имаме производи со жигот „Произведено во Туркије“ дури и во најоддалечените делови на светот, им должиме најголема благодарност на нашите извозници“, рече Ердоган во говорот на 30-от редовно генерално Собрание на турските извозници (ТИМ). На церемонијата се доделени признанија на најголемите извозници. Ердоган посебно спомена 115.000 извозници кои се занимаваат со инвестиции и производство во рамките на ТИМ. Тој додаде дека како претседател на Туркије е горд на сите турски извозници.

„Горд сум на вас затоа што сте претставници на трговската дипломатија на нашата земја. Вие не сте само деловни луѓе. Вие сте и гордост за нашата нација. Секој од вас е симбол на капацитетот на турската економија. Сакам да изразам благодарност до сите вас што верувавте во Туркије, користејќи ги потенцијалите на Туркије и ја поддржувате нашата економија“, рече Ердоган. Нагласи дека извозот и придонесот на извозниците за стопанството на целата земја им се добро познати на сите.

„Ги отстранивме бариерите за трговија со договори за слободна трговија. Одиме од земја до земја за да најдеме пазари. Отидовме на места каде што не сме биле досега за да привлечеме инвестиции во нашата земја“, рече турскиот претседател.

Истакна дека Туркије оваа година исто така планира да го зголеми извозот во другите држави.

„И покрај негативните глобални економски изгледи, сакаме да го зголемиме нашиот извоз на 265 милијарди долари на крајот на оваа година и на 285 милијарди долари следната година“, рече Ердоган и додаде:

„Целта за 2028 година е да се достигне извоз од 400 милијарди долари и повеќе.

TRT Balkan / агенции
Популарни