Руската хакерска група, поврзана со Кремљ таргетирала германски пратеници / Фото: Reuters

Германија ја обвини Русија за сајбер напад насочен кон германските пратеници и предупреди дека таквите хибридни напади ќе имаат последици за Москва.

„Руски хакери со државна поддршка ја нападнаа Германија во сајбер-просторот. Ова е целосно неприфатливо и нема да остане без последици“, рече министерката за надворешни работи Аналена Баербок.

Таа за време на нејзината посета на Австралија изјави дека е завршена владината истрага за минатогодишниот сајбер-напад, чија цел биле ко-владејачките социјалдемократи.

„Федералната влада, под раководство на Форин Офисот, сега го заврши истражниот процес за овој инцидент. Сега можеме јасно да го припишеме овој напад на групата АПТ28, која е контролирана од руската воена разузнавачка служба ГРУ“, рече Баербок.

Таа предупреди дека Русија ќе се соочи со последици за вакви сајбер напади, но не наведе никакви детали за можни дипломатски мерки или санкции.

AA
Популарни