Ќе ја продолжиме оваа борба во и надвор од границите сѐ додека целосно не се елиминира терористичката закана за нашата земја“, рече Ердоган.        Фото: АА

Туркије ќе продолжи да се бори против тероризмот во рамките на нејзините граници и пошироко, сѐ додека не ја елиминира заканата, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Ќе ја продолжиме оваа борба во и надвор од границите [на земјата] сѐ додека целосно не се елиминира терористичката закана за нашата земја“, рече Ердоган во обраќањето на Денот на учителите во главниот град Анкара.

Тој нагласи дека Турските вооружени сили ги уништуваат терористичките гнезда во операциите во северен Ирак и во Сирија, во близина на турската граница.

„Секаде каде што има терористи, безбедносниот апарат на оваа држава ќе биде таму со својата полиција, војската, со безбедносните сили“, додаде тој.

Во неделата Туркије ја започна операцијата „Канџа-меч“, прекугранична воздушна кампања против терористичката организација ПКК/ЈПГ, која има засолништа близу ирачко-турската и сириско-турската граница, од каде што планира напади на турска територија.

Турските власти нагласија дека операцијата е во согласност со меѓународното право и правото на државата за самоодбрана според резолуциите на Обединетите нации (ОН).

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.

AA
Популарни