Ердоган им оддаде почит на жртвите од геноцидот во Сребреница / Photo: AA

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, им оддаде почит на жртвите од геноцидот во Сребреница и порача дека „Сребреница не смее да се заборави за никогаш повеќе да не се повторат слични ѕверства.“

Ердоган објави порака на социјалните мрежи по повод 28-годишнината од геноцидот во Сребреница.

„По повод 28-годишнината од геноцидот во Сребреница, кој остави црна дамка во историјата на човештвото, изразувам искрено сочувство до семејствата на нашите маченици и до сите мои браќа Бошњаци. За да не доживееме повеќе слични ѕверства, никогаш нема да ја заборавиме Сребреница или да дозволиме таа да биде заборавена“, рече Ердоган.


AA
Популарни