Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел ќе ја плати цената за угнетувањето во Појасот Газа.
Шефот на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство Фахретин Алтун објави дека Ердоган имал телефонски разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
„Ердоган за време на тој разговор рече дека Израел ќе ја плати цената на угнетувањето. Мора да се мобилизираат сите средства за прекин на огнот во Газа, и да се спроведе резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации“, рече Алтун.
Израелската армија денеска изврши напад врз репортерскиот тим на турскиот јавен сервис ТРТ Арапски во Газа.
Цел на нападот било возилото на арапската екипа на ТРТ, која се подготвувала за емитување во кампот Нусејрат лоциран среде Појасот Газа. Снимателот Сами Шахада беше тешко ранет и опериран.
Повеќе од 33.600 Палестинци се убиени во Газа во нападите кои Израел ги спроведува континуирано од 7 октомври минатата година.