Тој посочи дека современите противвоздушни системи не можат да ја пресретнат ракетата „Орешник“ / Photo: Reuters

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија, како одговор на нападите на ракетите со долг дострел на САД и НАТО, истрелала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, а на која, како што рече, модерните системи немаат начин да се спротивстават.

„Како одговор на употребата на американско и британско оружје, руските вооружени сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина“, рече Путин.

Тој објасни дека ова е тест на најновиот руски ракетен систем со среден дострел, во случајов хиперсонична балистичка ракета без нуклеарно оружје, која руските ракетни научници ја нарекоа „Орешник“.

„Денес нема начин да се спротивстават на најновото оружје“, нагласи Путин.

Тој посочи дека современите противвоздушни системи не можат да ја пресретнат ракетата „Орешник“ која се движи со брзина од 2,5 до три километри во секунда и додаде дека доколку Русија ја искористи таа ракета во конфликтот против Украина, претходно ќе ги предупреди цивилите.

Тој изјави дека Русија ќе одговори реципрочно во случај на ескалација, пренесе РИА Новости.

Путин изјави дека шест проектили со долг дострел АТАКМС од американско производство и една ракета Сторм Шедоу од британско производство биле истрелани во вторникот кон регионот Курск и Брјанск во Русија.

„По тие удари од Украина, регионалниот конфликт зазеде глобални елементи“, рече Путин, додавајќи дека „непријателот не ги постигна своите цели“.

Тој изјави дека таквите акции нема да влијаат на ситуацијата во Украина и дека нападите со оружје произведено на Запад нема да го променат исходот од војната во Украина. Путин рече дека Русија има право да користи оружје против воените цели на оние кои користат оружје против нив.

„САД го туркаат целиот свет кон глобален конфликт. Русија е подготвена да ги реши контроверзните прашања со мирни средства, но е подготвена за каков било развој на настаните и секогаш ќе одговори. Затоа им препорачувам на владејачките елити во земјата кои планираат да користат воени контингенти против Русија, сериозно да размислат“, рече Путин.

TRT Balkan / агенции
Популарни