Турскиот претседател ги повика Обединетите нации да преземат конкретен чекор против масакрот на невините деца во Газа / Photo: AA

На Меѓународниот ден на невините деца жртви на агресија, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика меѓународната заедница да ги заштити честа и достоинството, како и децата од Газа.

„Ги повикувам сите држави да ги заштитат честа и достоинството на човештвото, како и децата на Газа и да заземат јасен став против израелското варварство кое е надвор од контрола“, објави Ердоган на X.

Турскиот претседател ги покани Обединетите нации, кои го прогласија овој ден, да преземат конкретен чекор против масакрот со бомби на невините деца во Газа кое трае со месеци

“ На Меѓународниот ден на невините деца жртви на агресија, со тага се сеќавам на повеќе од 15.000 деца кои беа варварски убиени во Газа од 7 октомври. Во Газа не се убиени само децата и бебињата, туку и човештвото. За жал, светот падна на овој тест Обединетите нации да преземат акција со разбирање дека светот е поголем од пет“, рече Ердоган мислејќи на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН кои имаат право на вето”

Ердоган, исто така, подвлече дека Туркије и натаму ќе им подава раката на угнетените луѓе ширум светот, особено во Газа.

„Каде и да се убиваат деца, каде и да се подложени на глад и сиромаштија, ние ќе продолжиме да ја подаваме раката и да работиме напорно со верба дека е можен поправеден свет“, додаде Ердоган.

Израел продолжи со бруталната офанзива врз Газа по нападот на Хамас минатиот 7 октомври, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот. Оттогаш, повеќе од 36.500 Палестинци се убиени во Газа, огромно мнозинство се жени и деца, а речиси 83.000 други се повредени, според локалните здравствени власти.

Речиси осум месеци по израелската војна, огромни делови од Газа беа во урнатини со блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во јужниот град Рафах, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште.

TRT Balkan / агенции
Популарни