Путин мора да сфати дека не може да победи на бојното поле, но мора да прифати праведен и траен мир каде Украина останува суверена и независна држава, рече Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес ја повика Кина да ја прекине поддршката за Русија.

„Кина не може да продолжи да го поттикнува најголемиот воен конфликт во Европа без тоа да влијае на интересите и угледот на Пекинг“, рече Столтенберг во Осло, повикувајќи ги сите сојузници на НАТО да ја одржат својата поддршка за Украина.

Тој нагласи дека најбрзиот начин да се стави крај на војната е да ѝ се обезбеди на Украина воената помош што ѝ е потребна за да надвладее.

„Претседателот Путин мора да сфати дека не може да победи на бојното поле, но мора да прифати праведен и траен мир каде Украина останува суверена и независна држава“, рече Столтенберг.

Тој ја пофали Норвешка за нејзиниот придонес во мултинационалната бојна група на НАТО во Литванија, мисиите на воздушната полиција и нејзините зголемени издвојувања за одбраната.

„Норвешка ќе ја достигне и всушност ќе ја надмине препораката на НАТО од 2 отсто издвојувања за одбраната и според својот долгорочен план ќе продолжи значително да го зголемува буџетот за одбрана“, истакна тој.

Генералниот секретар на НАТО, исто така, ја пофали Норвешка за нејзината поддршка на Украина, вклучително и обезбедувањето напредни системи за воздушна одбрана, борбени авиони Ф-16 и други најсовремени воени капацитети.

„Долгорочната посветеност на Норвешка кон Украина служи како пример за виталната улога што сите сојузници мора да ја играат“, додаде тој.

AA
Популарни