Нагласувајќи дека Западот е против него, Ердоган додаде дека турскиот народ ќе го даде потребниот одговор на 14 мај.

„Туркије ќе му даде порака на Западот“ преку претстојните претседателски и парламентарни избори во земјата, кои не само Западот туку и исламскиот свет внимателно ги следи, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Западот има планови во врска со Туркије. Во моментов ја гледате ситуацијата на (францускиот претседател Емануел) Макрон. Што се крие зад патувањето на Макрон во Кина? Каква е ситуацијата во неговите (на Франција) односи со Америка? Зошто Макрон отиде во Кина?“, праша Ердоган во телевизиско интервју.

Осврнувајќи се на неодамнешната анкета, која укажува дека лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен, ќе го победи Макрон доколку се повторат минатогодишните претседателски избори, Ердоган рече: „Ле Пен сега е пред Макрон... Како се случи тоа? Тоа значи дека постои промена на резултатите од анкетата.“

Нагласувајќи дека Западот е против него, Ердоган додаде дека турскиот народ ќе го даде потребниот одговор на 14 мај.

„Туркије со овие избори ќе му даде порака на Западот... Оваа земја не се осврнува на тоа што вели Западот, ниту кога се бори против тероризмот ниту во одредувањето на нејзините економски политики“, додаде турскиот претседател.

Најголемиот турски воен брод „ТЏГ Анадолу“

Ердоган рече дека проектите во одбранбената индустрија ќе продолжат.

Говорејќи за „ТЏГ Анадолу“, најголемиот турски воен брод и првиот во светот носач на беспилотни борбени летала, Ердоган рече дека тоа ѝ овозможило на Туркије да стигне до „многу поинакво место“ во светскиот стандард.

„Преземаме уште еден чекор. Сега сме во преговори. Ќе изградиме поголем од овој“, рече турскиот претседател.

Воениот брод ѝ беше доставен на турската морнарица во понеделникот.

Изграден во истанбулското бродоградилиште Седеф, бродот може да носи хеликоптери, дронови, копнени возила, лесни авиони и персонал.

Од бродот може да слетаат и полетаат турските беспилотни летала „Бајрактар ТБ3“ и „Кизилелма“ и лесниот јуришен авион „Хурџет“.

Со должина од 231 метар и ширина од 32 метра (105 стапки), бродот може да превезува товар од околу 27.000 тони.

AA
Популарни