Меѓународниот аеродром во Рејкјавик, кој се наоѓа во близина, засега остана отворен / Photo: Reuters

Вулкан во југозападен Исланд еруптираше по неколку недели интензивна сеизмичка активност, соопшти Метеоролошката служба на земјата.

На полуостровот Рејкјанес, властите евакуираа речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања Блу Лагун.

„Предупредување: Ерупцијата започна северно од Гриндавик во близина на Хагафел“, објави Метеоролошката канцеларија на својата веб-страница.

На снимките и во директните преноси на локалната новинска агенција РУВ се гледа како излегува лава.

Меѓународниот аеродром во Рејкјавик, кој се наоѓа во близина, остана отворен.

„Во моментов нема пречки во пристигнувањето и полетувањето на аеродромот Кефлавик, стои на веб-страницата на аеродромот.

Имаше неколку ерупции на полуостровот во ненаселени области во последниве години, но се верува дека сегашната ерупција претставува непосредна закана за градот, соопштија властите.

Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик.

Во март 2021 година, фонтаните од лава еруптираа спектакуларно од пукнатина долга 500-750 метри во земјата во вулканскиот систем Фаградалсфјал.

TRT Balkan / агенции
Популарни